Услови за користење

Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
Креатива и дизајн Тиноски Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ  не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ  ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Еко Логистик Скопје, Урбан Деливери пост, Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес или Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
  
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате на маил или во делот за контакт.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

5. ПОЛИТИКА ЗА РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

Во случај на рекламација на производ, потребно е истиот да биде целосен и неоштетен во оригиналното пакување. Трошоците за доставата при враќање на производот и испраќање на нов се на товар на купувачот.

Производите кои се со печатен дизајн ќе бидат автентични како што се прикажани на фотографиите при купување на сајтот.

Производите кои се цртани, можно е да имаат мала отстапка во изгледот на дизајнот бидејќи се изработуваат рачно.

КРЕАТИВА И ДИЗАЈН ТИНОСКИ СКОПЈЕ го задржува правото на замена на еден модел со друг сличен, со претходна консултација и одобрение од купувачот, доколку во моментот не е достапен на залиха конкретниот модел.

Tinoski.mk © 2024. UKION SHOPS